НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грлиќ Радман: С. Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство со ЕУ

0
By Biljana on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Северна Македонија и Албанија направија голем исчекор напред во исполнување на сите најважни критериуми за членсво во ЕУ и го очекуваме моментот кога ќе бидат отворени, што поскоро, пеговорите со Унијата“. Ова го истакна Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни работи и европски прашања од Република Хрватска пред денешниот Совет на министри во Луксембург. Тој рече дека, кога станува збор за проширувањето може да се пофали напредокот на земјите кои се на патот кон ЕУ.

Тој најави дека денеска ќе се одржат две меѓувладини конференции по новата методологија, со Србија и со Црна Гора, но без отворање или затворање на поглавјата. Во однос на Косово, Радман смета дека за Косово треба да се донесе итна одлука за визна либерализација.

Хрватскиот министер посочи дека фокусот на разговорите, за време нна министерскиот совет, ќе биде ставен на илегалната миграција.

– Кога е во прашање миграцијата, она што е важно да се истакне тој постојан притисок на т.н. Западна Балканска рута, тоа е наша главна грижа со која мора да се соочиме заедно со нашите партнери од ЕУ, истакна Грлиќ Радман.

Во однос на кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина, Радман вели дека се уште треба да бидат исполнети 14 критериумикои се неопходни за членство во Унијата, а како главен недостаток ги посочи неопходните измени во Изборниот закон со цел да се обезбеди рамноправност помеѓу трите конститутивни народи, Бошњаците, Србија и Хрватите.

Клус: Блокадата за С.Македонија го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ

Најавувајќи го одржувањето на двете меѓувладини конференции со Србија и Црна Гора во доцните попладневни часови, словачкиот заменик минситер за надворешни работи, Мартин Клус, истакна дека проширувањето на ЕУ е многу важна тема за официјална Братислава.

– Многу искрено разговараме за тоа како да го одблокираме процесот со Северна Македонија и со Албанија. Навистина се надевам на добри резултати и позитивни одговори, бидејќи од тоа зависи кредибилитетот на Европската Унија и на тој регион, што уште еднаш ќе повторам, е многу важен за нас, рече Клус.

Биљана Божиновска

Гордан Грлиќ Радман ЕУ Македонија преговори став членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.