Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Логар: Неактивноста на ЕУ на Западен Балкан е „стратешки опасна“

0
By Sashko on June 22, 2021 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 22, 2021 16:07

ЕУ треба да се придвижи „што е можно побрзо“ од пристапот на чекање и гледање кон стратегија за решавање на проблеми во справувањето со проширувањето и Западен Балкан, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар за ЕУРАКТИВ во интервју за приоритетите за неговата земја за претстојното претседателство со Советот на ЕУ.

– Во последниве години, стратегијата на ЕУ кон Западен Балкан беше пристап на чекање и гледање, при што блокот не беше премногу активен во регионот наспроти ќорсокакот на реформите, рече Логар.

Toj призна дека проширувањето, во изминатата деценија, „падна од агендата на ЕУ“.

– Знаеме дека она што се случи е дека трети страни влегоа во регионот, некои почнаа да ги извршуваат своите стратешки интереси и ова ја покажува ранливоста на регионот за ЕУ, тоа е стратешки опасно“. Ако ние (ЕУ) не го пополниме вакуумот на Западен Балкан, нашето непосредно соседство, некој друг ќе го пополни… Во таа смисла, во наш најдобар стратешки интерес е да дејствуваме што е можно побрзо и да ги интегрираме овие земји во ЕУ, додаде тој.

Она што сакаме да го промениме е, вели Логар, да преминеме од стратегијата на ЕУ насочена кон стратегија за решавање на проблемите, објаснувајќи дека ова би вклучувало размислување за тоа како да ги охрабриме и принудиме владите да ги забрзаат реформите.

Тој истакна дека процесот на проширување „мора да биде одржлив и тие земји треба да бидат сигурни дека доколку исполнат одредени цели, следниот чекор, проширувањето ќе дојде за нив, додавајќи дека ова особено ќе се однесува на земјите кандидати Албанија и Северна Македонија.

– Двете земји ги исполнуваат критериумите што им беа поставени од ЕУ и бидејќи блокот се заснова на владеењето на правото и истата мерка за сите, и двете треба да продолжат во следната фаза, рече Логар и додаде дека се уште се надеваат дека договорот ќе биде можен во текот на оваа недела под португалско претседателство.

Словенија треба да организира во октомври неформален самит на Западен Балкан со лидерите на ЕУ и регионалните земји.

– Ние исто така сакаме да го вклучиме гласот на сограѓаните од земјите од Западен Балкан во дебатата за иднината на Европа, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

Анже Логар ЕУ Западен Балкан министер Свет Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.