НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема дилеми кога се употребува „на Северна Македонија“, а кога македонско

0
By Sashko on June 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува „на Северна Македонија“, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопштување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, за извинувањето дека направил грешка што напишал „македонска фудбалска репрезентација“, Заев посочи дека е коректно и политички, човек да се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор.

– Јас сум ги потпишал тој Договорот, сум го преговарал тој договор и апсолутно целосно го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува „на Северна Македонија“, а кога македонско, Македонец, Македонка, итн., изјави Заев.

Претходно за сите во светот, посочи Заев, бевме ФИРОМ, додека денеска за целиот свет сме Република Северна Македонија, но сме потврдени како Македонци, кои зборуваат македонски јазик.

– Јасно е, согласно Преспанскиот договор што е Закон ратификуван во нашето Собрание, што е придавка македонско, македонски, Македонец, Македонка и слично, а што е употребата „на Северна Македонија“ кога се претставува државата и државните институции и тоа е јасно разграничено. Проблемот е во тоа што секогаш барате начин како да ја замајувате јавноста преку неискрен пристап, во делот на она што претствува гарантирање на иднината и на Македонците, но и на сите кои што живеат во нашата земја, изјави Заев во одговор на прашањето на пратеничката Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев име Македонија пратенички прашања Преспански договор Придавка Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.