Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се вакцинираат по 15.000 до 20.000 граѓани днeвно

0
By НОВА ТВ Balaban on June 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 28, 2021 15:53
Ќе се забрза темпото на имунизација на населението против Ковид-19, па се планира да се вакцинираат и по 15.000-20.000 граѓани на ден, откако во земјата пристигнаа половина милион вакцини на „Синовак“ и 108.000 дози на „Фајзер“.
Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека за две недели, до 15 јули, се очекува да бидат вакцинирани околу половина милион граѓани, кои изразиле заинтересираност за вакцинација на Мој Термин. Надлежните во Управата за електронско здравство Мој Термин велат дека деновиве се зголемува интересот за вакцини кај граѓаните.
– Иако нема драстично зголемен интерес, константно расте бројот на заинтересирани граѓани за вакцина, па се планира дневно да се имунизираат и над 15.000 лица. Додека има од пријавените граѓани, тие ќе се вакцинираат, а закажувањето за вакцина ќе оди како и досега, преку веб-страната vakcinacija.mk – вели Жаклина Чагороска од Мој Термин.
Се планира вакцинација со вакцините на „Фајзер“ да се спроведува во поголемите центри за имунизација коишто располагаат со фрижидери каде овие вакцини можат да се чуваат на пропишаната температура.
Додека, вакцините на „Синовак“, чие чување е поедноставно, но тие и полесно се аплицираат, граѓаните ќе можат да ги примаат и во другите здравствени домови.
Во најголемиот пункт за вакцинација во земјата, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Скопје, каде од април почна заштитата на граѓаните против Ковид-19, велат дека таму се вакцинираат и над 4.000 граѓани дневно.
– Сега секако сме со повеќе пракса и поискусни кога станува збор за апликацијата на вакцини, отколку на почетокот, а дневно имаме најмалку по 4.000 закажани вакцинации. На таа бројка се додаваат плус и  ревакцини и давање втора доза на Астра Зенека за граѓаните постари од 60 години коишто првата доза ја примиле во Србија. Секако дека во овој центар би можеле да вакцинираме и повеќе граѓани, вели Даниела Дамјановска Тодоровска од Здравствениот дом Скопје, одговорна за вакцинација против Ковид-19. На овој пункт граѓаните можат да се јавуваат за имунизација секој работен ден до 21 часот.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со денеска вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани, аплицирани се 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.
Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо вчера од скопскиот аеродром, по пристигнувањето на пратката со 500.000 вакцини, порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години.

 

За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, министерот Филипче во саботата на Фејсбук посочи дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест, како и дека се препорачува кај бремени жени, при што придобивките се поголеми од потенцијалните ризици. Оваа вакцина се препорачува и кај доилки.

Во јуни Светската здравствена организација ја одобри вакцината „Синовак“ за итна употреба. СЗО го даде  истото одобрување и за вакцината „Синофарм“. Резултатите од ефикасноста на вакцината „Синовак“ покажаа дека имунизацијата ја спречува симптоматската болест кај 51 отсто од вакцинираните лица, а  хоспитализацијата во 100 отсто од случаите. Но, Европската агенција за лекови (ЕМА) се уште не ги одобри вакцините произведени во Кина. Кина во многу земји ги извезува вакцините, особено во Латинска Америка, Азија и Африка.

Љубица Балабан
Здравствен дом Скопје имунизација Мој термин Население Синовак темпо фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.