Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска го посети Музејскиот меморијален центар Дражен Петровиќ, еден од најдобрите југословенски и хрватски кошаркари на сите времиња, македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, а оствари средба и со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.
При посетата на „Света Злата Мегленска“, Пендаровски од надлежниот парохиски свештеник, отец Кирко Велински беше запознаен со напорите за доизградба на објектот на црквата, која е прва македонска православна црква што се гради во Хрватска.
На средбата со Месиќ беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за перспективите за интеграцијата на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.