Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ води на партиските анкети за локалните избори

0
By Sashko on July 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 21:28
СДСМ ја привршува првата етапа од подготовките за претстојните локални избори. Анкетите што ги правела партијата им даваат ветар во грбот дека се фаворити кај граѓаните во трката за локални татковци. На прашањето „За кого ќе гласате?“, 21,7 отсто се изјасниле за СДСМ, 19 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ 8,5 отсто, Левица 6,2 отсто, Алијанса за Албанците/Алтернатива 3,8 отсто, со „не знам“ како одговор се изјасниле 12 отсто од испитаниците, со „нема да гласа“ одговориле 16,2 отсто додека со „одбива да одговори“ – 12,6 отсто.
На прашањето за перцепцијата „кој ќе биде победник?“, расположението на гласачите е следно: Коалицијата предводена од СДСМ – 27,9 отсто, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 16,2 отсто, ДУИ – 9,3 отсто, коалицијата Алијанса/Алтернатива – 3,6 отсто, со „не знам“ одговориле – 36,7 отсто, „одбива да одговори“ – 5,8 отсто од испитаниците. Дваесет кандидати за градоначалници на владејачката партија СДСМ, се во предност пред кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, покажала партиската анкета.
Општинските организации номинирале 562 кандидати за градоначалници, а имало и над 50 самокандидатури како и 4.530 за советници, брифира на средба со новинарите шефот на изборниот штаб и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Овие бројки се непотполни затоа што сè уште се очекувале тие испратени по пошта. До 15 јули, вели Николовски, ќе „падне“договор со коалициските партнери ДУИ, ДПА и БЕСА, за заеднички настап за градот Скопје како и за тоа каде СДСМ би поддржал кандидати за градоначалници во прв односно во втор круг.
Во таа насока наредната недела ќе се одржи лидерска средба меѓу носителите на власта на Централно ниво, а вчера претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев се сретнал со партиите од коалицијата предводена од СДСМ, на кои им оставил простор за изјаснување до 15 јули дали би настапиле како дел од коалицијата или „соло“.
На 13 јули СДСМ се очекува да ги претстави дел од првите кандидати за градоначалници, иако тие како и сите останати ќе подлежат на селекција од страна на партиската база по пат на електронско -смс гласање за тоа кој би сакале да е нивен кандидат за градоначланик. Во делот за Советничките листи СДСМ ќе отстапи простор на лица од граѓанскиот сектор, како и значителна бројка на жени за кандидати за градоначалници.
Досега најголем интерес со кандидатури имало за општините Центар, Битола, Куманово, Аеродром, а за Прилеп сите предлози биле адресирани на екс министерот за транспорт и врски Сугарески, а некои веќе биле кандидирани и за општина и за градот Скопје. Кандидатите за градоначалници ќе треба да влезат во трката да бидат избрани да ја трчаат локалната трка доколку поднесат програма и план за работа.
Николовски брифира дека досега нема договор со опозицијата и другите политички чинители за отворени листи на изборите и дека не е оптимист околу комплетното завршување на процедурите за набавка на ,,фингер принтовите“ и за обука на избирачките одбори за да може оваа законска обврска да се примени на претстојниот изборен циклус, што, меѓудругото, беше главно барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, СДСМ продолжува со теренските активности, реализирале седум трибини во јули следуваат уште седум, како и маалските средби од кои досега се реализирани над 400, а од наредната недела ќе почнат и од врата на врата.
анкети ВМРО-ДПМНЕ локални избори Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.