Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски дипломати: С. Македонија и Заев пример за компромис и прогрес на З.Балкан

0
By Ivana on July 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 3, 2021 18:10

Преспа форумот за дијалог беше и помина, но заложбите, намерите, очекувањата уште долго ќе се отсликуваат во процесите што доаѓаат на регионален, Европски, трансатлантски план. Северна Македонија како домаќин и организатор на овој собир со над 300 еминентни учесници од САД и Европа, го освои вниманието на светските дипломати како светол пример поради придонесот кон регионалната соработка и поимањето на дијалогот како единствена алатка за надминување на сите несогласувања и препреки. Но, она што остави ,,горчлив“ вкус околу целата оваа работа е што во опозиционите кампуси Преспа форумот и политичката, дипломатската и тинк тенк елитата што ја собра на едно место, воопшто не беше споменат.

Учесниците на Преспа форумот за дијалог, без исклучок и независно дали се од регионот, Европа и од светот , испорачаа планетарна поддршка за заложбите на Северна Македонија во реализацијата на Преспанскиот Договор и спроведувањето на политиката што ја води земјава, додека опозиционите партии останаа изолирани во своите блокади и во недавањето поддршка на успесите на нашата држава,

Дотолку повеќе што ниту еден претставник од опозициските партии немаше на Преспа форумот, кој ја стави земјава во центарот на политичките случувања во Европа и светот, само покажува по кој знае кој пат дека изборот на опозицијата е меѓународна изолација, и дека дневнополитичките и теснопартиските интереси им се на прво место пред државните и национални интереси.

Оттаму станува јасно дека иако декларативно опозицијата го поддржува членството на Северна Македонија во НАТО, со ставовите за Преспанскиот договор тие де факто не го поддржуваат и се против тој акт, со кого по 25 години ни се отворија вратите на НАТО, каде сега стоиме рамо до рамо со најразвиените земји во светот.

Јавноста го цени сето ова, исто како што цени дека Преспанскиот договор е реалност и „ виновник“за излегувањето на земјава од изолација, но истовремено и пример како треба да се пристапи и како да се решаваат отворените проблеми и конфликтите, потврдија сите гости на Форумот, без исклучок.

Помошник државниот секретар на САД, за Европа и Евроазија Филип Рикер на Преспа Форумот за дијалог истакна дека Преспанскиот договор е пример за целиот свет, не само за регионот а за тоа, како се пристапува и како се решава децениски спор.

„Она што отскокнува за мене и за многумина Американци , е што во Преспа постои стандард за останатите во регионот и за остатокот од светот, како се решаваат отворените конфликти преку дијалог. Меѓународната заедница го препознава значителниот напредок што досега го направи Република Северна Македонија и храброста што е потребна да се соочи со досегашните предизвици“ кажа Рикер.

Од друга страна пак ,додека државата бележи успеси и политиките на Северна Македонија се претставуваат како светол пример во светот, некои повторно повикуваат на дуел на кој би се разговарало за детали кои патем им се познати на целиот свет. Заробена во својата политика на изолационизам, опозицијата обвинува за предавство на македонскиот јазик и идентитет во преговорите со Бугарија, додека цела Европа и светот знаат дека никој не преговара и не може да преговара за тоа.

Јавноста знае дека опозицијата настапува контрадикторно кога од една страна вели дека власта извршила предавство а потоа обвинуваат дека власта е виновна за ветото од Бугарија.

„За сите е јасно дека никој не разговара за македонскиот јазик и идентитет и тоа го потврдуваат сите.Дури и Бугарија одговори на предлог- Патоказот од каде што се гледа дека не се разговара за јазикот и идентитетот.Само на опозицијата и треба декалрација за тоа, изјави вчера премиерот Заев.

„Преспа Форум“ ЕУ Западен Балкан Македонија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.