Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски до САД: Не ја забораваме вашата поддршка за враќање на демократијата

0
By Sashko on July 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 4, 2021 11:59

Независностa, велат, значи ширење на љубовта, а уништување на омразата, напредок и растеж, одговорност кон предците и идните генерации. Тоа се заложби што ги поврзуваат нашите две држави, чија независност е заснована на демократски принципи и слободен живот на граѓаните, на суверенитет на народот, владеење на правото, правдата, човековите права и слободи и демократијата. Во тие наши заеднички заложби станавме искрени пријатели и стратешки партнери, заеднички сме дел од големото трансатлантско семејство на народи.

Ова го порачува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук статус по повод 4 јули, Денот на независноста на САД, во кој упатува честитки со желба за, како што вели, севкупен просперитет на вашата држава и благосостојба на пријателскиот американски народ.

– Како што доликува на едно семејство, денеска заедно со вас и ги одбележуваме вредностите кои заеднички ги негуваме, а кои се втемелени во потпишаната Декларацијата за независност на САД, пред точно 245 години, со што овој ден не само што претставува најзначајниот настан во историјата на американската нација. Тој ги надминува тие рамки, позиционирајќи се како една од најважните точки на цивилизацискиот напредок, ода на слободата, демократијата и просперитетот. Граѓаните на Република Северна Македонија не забораваат дека сте биле со нас и кога сме се соочувале со предизвици и кога сме постигнувале успеси, дека благодарение на вашата несебична поддршка успеавме да ја вратиме демократијата во нашата држава, да тргнеме во вистинската насока и во остварување на нашите стратешки цели – да станеме полноправна членка на НАТО, да продолжиме по зацртаниот пат кон Европската Унија, да изградиме стабилна и безбедна демократска држава, со подобрен меѓународен углед и поголеми слободи и права за граѓаните, за што од срце ви благодариме, вели Спасовски на ФБ.

Тој воедно изразува увцерување дека американската поддршка за земјава и нашите стратешки цели, ќе продолжи и понатаму.

– Силно верувам дека и во претстојниот исклучително важен период за нашата држава таа ваша поддршка во остварување на нашите стратешки цели ќе продолжи и ќе обезбедиме уште посилна динамика на развој на нашите меѓусебни односи, ќе ја продлабочуваме соработката во сите области од заемен интерес и заеднички ќе придонесуваме за просперитет на регионот, но и воопшто, во глобални рамки, како партнери и сојузници во НАТО. Нека ви е честит 4 јули – Денот на независноста!, почитувани наши пријатели, граѓани на Соединетите Американски Држави, порачува Спасовски.

4 јули Македонија Оливер Спасовски САД честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.