НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцините ќе патуваат и по 50 километри, а ќе се даваат и сред село

0
By НОВА ТВ Balaban on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцините и фрижидерите се „на готовс“, а освен лекарските тимови, забрзани подготовки и последни проверки на возилата прават и возачите кои од понеделник ќе треба да поминат и повеќе од 50 километри на ден за да стасаат и до најодалечените жители во селата коишто сакаат да се заштитат од ковид-19. А во селата деновиве е посебна приказна – се чистат и дотеруваат училиштата и амбулантите, се лепат плакати во месните заедници со кои населението се информира зошто е добро да се вакцинира… А главно место за вакцинација, ако нема посоодветен пункт, сепак ќе биде сред село…секако под дебела сенка, за лекарите да немаат и дополнителна работа.

Во вакви услови се подготвува теренската вакцинација против ковид-19 која во целата земја стартува в понеделник, на 12. јули, во организација на здравствените домови од целата земја.

Во охридско пет села први на листата  

Освен во Здравствениот дом во Скопје, и во многу други градови списоците се веќе подготвени. Во Охрид почнуваат со Подмолје чии жители први ќе се вакцинираат, а завршуваат на 23. јули со Пештани, Трпејца, Љубаништа.

– Програмата за теренска вакцинација е веќе пуштена на вакцинација.мк, а на 12. јули отсабајле еден тим тргнува за Подмолје, па за Оровник, Горенци, Требеништа и Волино. Во овие пет села в понеделник ќе ги вакцинираме заинтересираните жители, еве се слушаме со месните заедници. Печатиме и информативни материјали преку кои мештаните ќе бидат известени за тоа дека на лице место ќе може да се заштитат од ковид-19. Некаде ќе вакцинираме во основно училиште, а ако селото има амбуланта, како во Белчишта, тогаш таму ќе биде пунктот. Со еден тим ќе ја почнеме теренската имунизација, а секако  ќе ротираат и лекарите и медицинските сестри, бидејќи ќе се поминува голема километража – изјави за НоваТВ д-р Ајсел Зејноска, директорка на Здравствениот дом во Охрид.

Вакцини ќе стасаат и до Велестово, но и до далечните Дебарца, Мраморец, Издеглавје, но и до селата од другата страна накај границата со Албанија, во Трпејца, Љубаништа…

Во врска со тоа ќе може ли да „боцне“ и жител од друг град којшто се задесил дента во селото, д-р Зејноска вели:

– Засега вакцинацијата се планира за мештаните, а инаку нема проблем – кој друг сака, иако е од друг град, слободно нека дојде да прими вакцина во нашиот здравствен дом во Охрид – вели д-р Зејноска.

А охриѓани од понеделник ќе можат и без закажување да се вакцинираат против ковид-19, како и жителите на другите градови во земјата.

Масовната ревакцинација во модуларната болница во Охрид ќе се одвива од 19 до 31 јули, а според д-р Зејноска, продолжува  редовната вакцинација во пунктот во Здравствениот дом.

Почнуваат со вакцините на „Синовак“    

И во велешкиот Здравствен дом привршуваат подготовките за теренската вакцинација.

– Многу села се на списокот, а ќе се оди секако и до најдалечните – Горно Јаболчиште и Ореше, до каде има околу 50 километри. Подготвивме и распоред, а на терен од 12. јули до 6. август,  ќе оди по една екипа, и тоа истите тимови коишто бевме за вакцинација и во спортската сала. Но ќе мора да се менуваме, а од 9. август ќе почнеме да даваме втора доза во истите села – ни рече д-р Марина Тодоровска, координаторка за вакцинација во домот во Велес.

Таа ни откри со која вакцина ќе се заштитат жителите во велешко.

– Почнуваме со вакцината на „Синовак“, ја има во големи количества, веќе е во шприц и не бара растворање и може веднаш да се аплицира, многу е лесна. Преку месни заедници ги известуваме мештаните за тоа дека од понеделник ќе може да се вакцинираат. Очекуваме голем одзив но во тоа ќе се увериме на терен во селата.  Некаде ќе вакцинираме во амбуланти, некаде во училишта или  сред село! Има села со повеќе население, како Јаболчишта, каде има неколку илјади жители, а има и села со мал број, со само десет луѓе! Првите село каде почнуваме в понеделник се Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец, на 13. јули сме Дреново, Долно  и Горно Јаболчиште, па до 6. август продолжуваме како што е планирано по распоредот – вели д-р Тодоровска.

Во спортската сала „Младост“ во Велес до денеска вакцинирани се 13.500 граѓани, а претходно, во пунктот во Здравствениот дом 1.500 лица. Од вкупно околу 15.000 вакцинирани, две третини примиле прва доза, а една третина се вакцинирале и со втора доза.

Тимовите кои од понеделник почнуваат со теренската вакцинација во целата земја се надеваат дека фрижидерите со коишто ќе ги пренесуваат вакцините ќе ги враќаат комплетно испразнети во здравствените домови.

Љубица Балабан

 

 

вакцини Велес Здравствен дом километри Охрид Села теренска вакцинација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.