Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седница на ИО на СДСМ: Вечерва потврда на дваесетина кандидати за градоначалници

0
By Sashko on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 11:07

Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор (ИО) на која треба да бидат потврдени првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. По седницата се очекува да бидат соопштени првите официјални кандидати за градоначалници.

Засега во јавноста беше потврдено дека за градоначалник на Скопје повторно ќе се кандидира Петре Шилегов, претседателот на СДСМ Зоран Заев на локален настан во Валандово објави кандидатура на тамошниот актуелен градоначалник Перо Костадинов, а според информации во партијата извесно е дека повторно кандидати за градоначалници ќе бидат кандидирани и актулените први луѓе на Ресен и Крушево. Иако се појавија некои информации во јавноста за кандидати за Скопје, од партијата велат дека е рано да се соопштат кандидатите за градоначалници на скопските општини.

СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби и граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“.

На неодамнешниот брифинг со новинарите генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски посочи дека СДСМ е фаворит на изборите, и ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет јасно е дека партијата ќе биде победник на изборите.

– Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори, посочил на брифингот со новинарите Николовски.

Според него, СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда. До 1 јули во СДСМ биле пријавени 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници. Од партијата најавуваат дека кандидатите ќе ги објавуваат во три фази, во зависност од завршувањето на анкетите и анализите.

градоначалници ИО кандидати Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.