Голема трагедија ги потресе штипјани, но и граѓаните од целата земја. Откако 25-годишно момче од Штип вчера си го одзело животот на археолошкиот локалитет Баргала, неполни 24 часа по него, синоќа се самоубила и 22-годишна девојка.
Таа посегнала по својот живот во селото Аргулица. Според првичните информации, двајцата млади биле во врска, а неофицијалните велат дека мотивот за овој трагичен чин е, наводно, недозволена љубов помеѓу нив.
Од СВР Штип за Нова ТВ изјавија:
– За жал, точно е дека се случија два трагични настани во Штип. Мотивот не можеме да кажеме што е, но точно е дека имало некаква врска помеѓу двајцата. Но не е точно дека на истото место се случиле самоубиствата. Момчето вчера го одземало животот на археолошкиот локалитет Баргала, а девојката денеска во селото Аргулица – ни изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа додаде дека Јавното обвинителство го презема случајот.
(Љ.Б.)