Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународна група на имунолози изолира антитело што реагира на делта сојот

0
By Sashko on July 14, 2021 СВЕТ
Фото: respaweb.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 12:56

Меѓународна истражувачка група на научници, меѓу кои и хрватскиот вирусен имунолог Лука Шичин-Шаин, успеаја да изолираат антитело што реагира на нов делта сој на коронавирусот.

– Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот ланец на ширење низ телото. Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточна култура, туку и во живи организми. Во тек се првични клинички истражувања. Нашето антитело е изменето за да се поврзе со вирусот, но не и со клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме дека го намалуваме ризикот од предизвикување несакани воспалителни последици од ваквото терапевтско дејство, истакна Шичин-Шаин за хрватската државна телевизија ХТВ.

Тој додаде дека големите компании развиваат антитела, но има и бројни други тимови и напори за развој на лекови кои ќе бидат насочени кон ензимите што ги има вирусот, а ги нема нашето тело.

– Постои и класа на лекови кои делуваат против прекумерен имунолошки одговор, затоа што знаеме дека кај тешки пациенти проблемот е во бурата цитокин што се јавува како последица на прекумерна имунолошка реакција на организмот, затоа се развиваат лекови за намалување на имунолошкиот одговор, посочи Шичин-Шаин.

Тој се осврна и на вакцините против ковид-19, истакнувајќи оти се ефикасни и безопасни.

– Дистрибуирани се над три милијарди дози на вакцини. Вакцината повеќе не е експериментална, тестирана е на голем број луѓе и гледаме дека е ефикасна и многу безопасна. Постојат несакани ефекти и тие внимателно се следат. Ризиците од вакцините се далеку помали од ризикот од инфекција. Односот е еден на 10.000. Препораката е луѓето да се вакцинираат и се надевам дека мнозинството ќе ја послуша препораката, наведе Чичин-Шаин.

Антитело делта сој Изолација Ковид-19 Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.