Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се намалува данокот за струјата од 18 на пет проценти

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 17:50

Пратениците ги донесоа законските измени со кои ДДВ-то за струјата се намалува од 18 на 5%. За овие измени 83 пратеници гласаа „за“, а немаше ниту еден против.

Сепак, носењето на ова законско решение доцни, бидејќи ДДВ-то на струјата требаше да биде намалено уште од 1 јули за да се амортизира ударот од поскапата цена на електрична енергија за околу 12%.

На сметките на граѓани данок од 5% ќе им се пресметува, дури откако законското решение ќе биде објавено во „Службен весник“. Ова значи дека за месец јули сметките за струја ќе бидат повисоки затоа што за претходниот период ќе биде тарифирана повисоката цена на електричната енергија, но без намалување на ДДВ-то.

Законското решение денеска го поддржаа и од опозициските партии. Тие ја искритикуваа власта дека само предизборно ги манипулира граѓаните, а догодина ДДВ-то ќе се искачи на 10% и ќе се плаќаат повисоки сметки за електрична енергија. За разлика од нив, власта убедуваше дека ова законско решение е добро и ќе овозможи амортизација. Ова решение беше предлог на Министерството за финансии.

Според усвоените измени, идната година, од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Законските измени со кои се намали ДДВ-то на струјата ги поздрави Регулаторната комисија за енергетика.

– РКЕ ќе продолжи да креира иницијативи кои треба низ соодветен институционален пат да донесат решенија за заштита на животниот стандард кога се во прашање потрошувачите, што практично се покажа и со денешното носење на законските измени кои потекнаа од нашата иницијатива што ја покренавме пред една година, со кои се намалува ДДВ-то за електрична енергија за домаќинствата, соопштува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во пишана изјава.

Тој апелира сега фокусот да се насочи кон проширување на опфатот на ранливи категории – кои треба да бидат сет на прецизно идентификувани категории на домаќинства на кои им е потребна парична помош со која ќе се намалат сметките за електрична енергија, како што се пензионерите кои се во категоријата на најниски пензии.

ДДВ РКЕ струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.