Бројот на настрадани лица во невремето и поплавите во западниот дел на Германија и во Белгија е над 90, а денеска продолжија потрагите по повеќе од 100 луѓе кои се водат како исчезнати. Властите на сојузната германска држава Рајна Палатинат соопштија дека таму настрадале 50 жители, меѓу кои и девет штитеници на Дом за лица со инвалидитет.
Повеќе од 30 смртни случаи се регистрирани во Северна Рајна Вестфалија, меѓутоа властите предупредуваат дека таа бројка може да порасне.
Белгиските медиуми, пак, пренесоа дека најмалку 12 лица ги загубија животите во поплавите.
Западниот дел на Германија е погоден од обилни дождови кои предизвикаа силни ветришта, голем број на поплавени улици, уништување на куќи и автомобили и откорнување на дрвја.