Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката Шекеринска во прва официјална посета на Португалија

0
By Sashko on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 08:37

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалија. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и прва е официјална на македонски министер за одбрана.

Како што соопшти Министерството за одбрана (МО), во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, како и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили.

Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска, ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за централизирана обука за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија на Португалските вооружени сили.

Воедно во рамки на посетата делегацијата ќе има разговори и во НАТО академијата за комуникации и информации во Лисабон.

Посетата на Португалија, велат од МО, е прв чекор во воспоставувањето на билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерството за одбрана на Северна Македонија веќе иницираше потпишување на Договор за билатерална одбранбена соработка кој се очекува да биде потпишан во наредниот период.

#Португалија Македонија министерка одбрана посета Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.