Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белорусија: Барање за забрана за работата на Здружението на новинари

0
By Sashko on July 22, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 08:56
Белоруското Министерство за правда вчера се обрати до Судот со барање за забрана на работата на водечкото здружение на новинари, со што продолжува пресметката на власта со независните медиуми и активисти на граѓанското општество.
Министерството побара од највисокиот суд во земјата да ја забрани Белоруската асоцијација на новинари, поради наводни недостатоци во документите за закуп на канцеларијата. Новинарското здружение наведе дека не може да обезбеди документи за да одговори на тужбата, бидејќи нејзините канцеларии биле запечатени во минатонеделната полициска рација.
Здружението е формирано во 1995 година и има 1.204 члена. Тоа е најголемото и најреномирано новинарско здружение во Белорусија и дел е од Меѓународната федерација на новинари (IFJ).

Настојувањето на власта да го забрани Здружението се случува во време на остра конфронтација со независните медиуми: според податоците на Здружението, властите извршиле 67 претреси во простории на медиумски куќи и во станови на новинари во изминатите две недели.

Во притвор се наоѓаат 31 новинар, кои ги чека судење или издржување затворска казна.

Властите во понеделникот ги замрзнаа банкарските сметки на белорускиот ПЕН центар, здружение на писатели предводено од Светлана Алексијевич, добитник на Нобеловата награда за литература во 2015 година.

барање Белорусија забрана Здружение на новинари Свет Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.