НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото) Заев, Вучиќ и Рама на кафе пред утрешниот економски форум

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска остварија неформални средби во Скопје со премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Вучиќ и Рама испија кафе за добредојде во еден од рестораните во централното градско подрачје.

По кафето, Заев ги прошета Вучиќ и Рама на скопскиот кеј, со градскиот татко Шилегов.

– Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Вучиќ претходно изјави дека посетата на Скопје е многу важна, посочувајќи ги притоа договорите што ќе бидат потпишани утре меѓу Србија, Македонија и Албанија.

– Едниот се однесува на побрз проток на стоки и услуги меѓу трите земји, другиот за заедничко дејствување по прашањето на природните катастрофи, а третиот за создавање единствен пазар на труд, што подразбира укинување на работните дозволи, изјави Вучиќ, додавајќи дека тоа значи дека кој работи во Белград, може да работи и во Скопје и Тирана и обратно.

Вучиќ кажа дека веќе се водат разговори за изработка на електронски персонализирани картички за граѓани од трите земји, кои ќе работат преку мобилна апликација, што ќе овозможат различни придобивки. Тој додаде дека тоа ќе се направи во договор со компаниите, така што кога луѓето доаѓаат во Србија, Албанија и Македонија, да имаат попусти за билети за превоз, во хотели, ресторани, од пет или 10 отсто.

– Сакаме да направиме брзи ленти. Кога ќе ги прошириме премините Прешево и Табановце, како и другите премини, ќе има брзи ленти за камиони, но и за автомобили, кои ќе можат да минуваат побрзо од некои други возила. Со ова креираме поинаква иднина, кажа Вучиќ.

Инаку, утре Скопје ќе биде домаќин на економски форум за регионална соработка во организација на Стопанските комори на Македонија, Србија и на Албанија, на кого ќе учествуваат Заев, Вучиќ и Рама. На регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“.

На еконмскиот формум ќе присуствуваат претставници на повеќе од 300 компании од Македонија, Србија и Албанија, како и од повеќе други земји од регионот, но и претставници од меѓународните институции. Најголем дел од компаниите доаѓаат од градежништвото, од земјоделско-прехранбениот сектор, од енергетиката, од машинеријата, од автомобилската и текстилна индустрија, од туризмот, од ИКТ, од телекомуникации, од транспорт и логистика…

Иницијатива „мини Шенген“: Вучиќ и Рама денеска и утре во Скопје

 

Вучиќ Економски форум Заев Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.