НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ – една економија, без царини, 100 проценти слободна трговија

0
By Sashko on July 30, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку работите се одвиваат според предвидениот тек, земјава во 2023 година практично ќе нема граници со Албанија и со Србија. Ова го предвидува иницијативата „Отворен Балкан“ што вчера во Скопје ја потпиша премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот регион.

Лидерите на трите земји потпишаа договори за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, Дозвола за граѓаните да работат во трите држави и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување.

Целта на иницијативата „Отворен Балкан“ е создавање на една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. „Отворен Балкан“, како што нагласија Заев, Рама и Вучиќ, значи ново поглавје во регионалната соработка. Сметаат дека ќе „нé направи подобри и ќе ја направи Европа подобра“. Иницијативата не е ограничена само на трите земји и секоја друга држава од опкружувањето е добредојдена и може да се вклучи ако сака.

– Нашата цел е да имаме заеднички пазар, една економија, без граници – 100 отсто слободна трговија, нула царини, нула пречки за движење на граѓаните, нула бариери за стоките, услугите и сервисите, нашите земји да ја имаат европската слобода во нашиот регион, истакнаа лидерите на трите земји и додадоа дека политичките прашања многу полесно се решаваат кога се обединети економиите и деловните заедници.

Посебно внимание, како што посочија на завршната конференција, ќе се посвети на две иницијативи.

– Ние сме Европејци и нашата иднина е европска. Остануваме посветени на Берлинскиот процес и нашата европска перспектива. Нашите влади се посветија на спроведување на четирите слободи и единствениот регионален пазар. Ги покануваме и другите земји во регионот да ни се приклучат кон забрзувањето, спроведувањето и исполнувањето на нашите регионални обврски. „Отворен Балкан“ е демонстрација на напредокот што може да го постигнеме сами. Иако перспективата за пристапување кон ЕУ останува катализатор во нашата регионална соработка, ние не треба да чекаме секое прашање да биде решено или Европа да дојде до консензус со цел да ги подобриме животите на нашите луѓе. Во тој дух, ги покануваме сите наши колеги на Западен Балкан да ни се приклучат кон нашите иницијативи, правни инструменти и практични проекти како што се овие, посочија тројцата лидери.

Заев, Рама и Вучиќ на стопанствениците им порачаа дека „Нула минути на граница“ е нивна цел, а на економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воведување една работна дозвола.

– Без нула минути не можеме да бидеме конкурентни во ЕУ. Од друга страна, скоро 40 проценти од компаниите се жалат на проблеми да најдат квалификувана работна сила во сопствениот систем. Затоа, не треба да се поедностават само процедурите за работни дозволи, туку треба да се воведе една работна дозвола. Значи, бараме нула минути на граница и една работна дозвола, истакнаа стопанствениците.

Според нив, мора да се создаде перспектива – младите да бараат работа дома, во регионот, наместо да заминуваат надвор.

– Од 2012 до 2019 година, речиси 350.000 лица ги напуштиле нашите земји и емигрирале. Мислам дека можеме подобро од тоа. Ако зборуваме за перспектива, треба да зборуваме за давање можност да работат блиску до дома, до своите семејства, порача деловниот сектор.

Заев: Помалку историја – повеќе економија, за доброто и за иднината на граѓаните

Фото: mia.mk

Премиерот Заев откри неколку иницијативи како предлози на бизнис заедницата за кои, како што потенцира, постои огромна политичка волја да се реализираат. Најави отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за спречување на корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во туристички центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор, итн.

– Заедничкиот регионален пазар е мотивација за да се поттикнат нови регионални иницијативи насочени кон приближување и за интегрирање со пазарот на ЕУ. За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ. Бидејќи ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од европскиот Балкан, рече Заев.

Премиерот ги повтори веќе искажаните заложби за т.н. четири слободи – слобода на движење на луѓе, добра, капитал и услуги.

– Го слушаме и го прифаќаме и повикот на деловните луѓе од регионот – „помалку историја – повеќе економија“, за доброто и за иднината на граѓаните. Нашата цел за интегриран регионален пазар носи дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи поврзани сме посилни. Тоа го го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ, истакна Заев.

Вучиќ: Од 2023 година да нема граници меѓу нашите земји

Фото: mia.mk

Српскиот претседател Вучиќ посочи дека со „Отворен Балкан“ се отвораат големи, бескрајни можности кои се од полза за сите три земји.

– Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милијарди евра БДП, тоа е БДП помал од една Словачка. Колку години ни се потребни да го стигнеме. Десетина години? – Не, за само пет-шест години максимум и ги престигнуваме. Тогаш почнуваме во целост да ги менуваме позициите и силите и може да работиме на развојот и да ја покренеме машинеријата на развојот на овој регион. За тоа ни се потребни бизнисмените, деловните луѓе кои ќе можат да ги реинвестираат своите пари, рече Вучиќ.

Мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани, порача српскиот претседател.

– Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобро, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток. Ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе. Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме. Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ во своето обраќање на Форумот во Скопје.

Фото: mia.mk

Рама: Поделени сме ситни, здружени сме посилни

Албанскиот премиер Рама порача дека овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото.

– Поделени сме ситни. Сакаме да се проектираме кон иднината преку оваа иницијатива која не измислува ништо ново. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот. Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ, рече Рама.

Нерешените работи помеѓу нас, додаде, нема да се решат полесно отфрлувајќи и негирајќи го потенцијалот на ова здружување.

– Што повеќе овој потенцијал за соработка се преточува во слобода на движење, во економија, во перспективи до толку е повеќе можно нерешените прашања да бидат разрешени, бидејќи сите овие општества ќе преминат на едно ново ниво на разбирање на себеси, останатите но и на иднината, посочи Рама.

Азески: Заев, Вучиќ и Рама демонстрираа политичко лидерство 

Фото: mia.mk

Политичко лидерство – тоа денеска можевме да го видиме на дело од премиерите Заев и Рама и од претседателот Вучиќ, оцени претседателот на Стопанската комора Бранко Азески пред почетокот на економскиот панел.

– Она што се подразбира по западните критериуми дека се бара политичко лидерство од претседателите, тоа денеска можевме да го видиме на дело и од Заев и од Рама и од Вучиќ зашто, една иницијатива за која уште нема комплетна поддршка, политичките раководства да ја објаснат, смело да тргнат напред и да го поведат народот кон таа цел, е само политичко лидерство кое го подразбира Запад и кон кое треба да одиме, истакна Азески.

„Фајненшл тајмс“: С. Македонија, Србија и Албанија промовираа сопствена зона за слободно движење и бизнис

Северна Македонија, Албанија и Србија ќе промовираат сопствена зона за слободно движење и бизнис, соочени со одложување на членството во ЕУ, оцени лондонски „Фајненшал тајмс“ во анализата посветена на Економскиот форум во Скопје.

– Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија го критикуваат Брисел поради бавното темпо на проширување на ЕУ, најавувајќи дека ќе формираат своја сопствена зона за слободно движење и бизнис, додека чекаат прием во блокот, наведува весникот.

„Фајненшал тајмс“ пренесува изјава на премиерот Зоран Заев кој посочува дека „треба да видиме што можеме да направиме самите за себе, што можеме да направиме за нашите луѓе и како можеме да ги прошириме нашите пазари“.

– Треба да ги забрзаме практичните придобивки за нашите граѓани, вели Заев во изјавата што ја пренесува лондонскиот весник, притоа нагласувајќи го неговиот став дека земјите во регионот се фрустрирани затоа што ЕУ не ги исполнува своите ветувања.

Весникот пренесува и изјава на српскиот претседател Алекснадар Вучиќ дека земјите во регионот се свесни оти „има замор од проширувањето во ЕУ“, како и ставот на албанскиот премер Еди Рама, кој однесувањето на Брисел „го спореди со егзистенцијалистичката драма на Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“, во која двајца мажи водат серија често апсурдни разговори, додека го очекуваат доаѓањето на некој што никогаш не доаѓа“.

Мицкоски: Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но да не биде алтернатива за членство во ЕУ

Фото: mia.mk

Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива за полноправно членство на земјата во Европската Унија, пак, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ, бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори, рече Мицкоски на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање околу иницијативата „Отворен Балкан“, нагласи дека нема алтернатива за ЕУ.

– Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година. Следна таква можност е самитот што ќе се одржи во декември. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема, истакна Мицкоски.

ГРОМ: Лидерите од Балканот, конечно, сфатија дека Европа не е решение за се

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ја поздрави средбата во Скопје и порача дека им е драго што „лидерите од Балканот, конечно, сфатија дека Европа не е решение за се и дека постојаните препреки што се поставуваат пред земјите од Балканот може полесно да се надминат ако владите за своите граѓани отвораат нови перспективи“.

– Посебно радува фактот што ќе се потпишат три значајни договори кои ќе ја олеснат економската соработка и ќе помогнат за полесно надминување на кризните ситуации во регионот, посочија од ГРОМ нагласија дека „Отворен Балкан“ во исто време е „добар пример за нашиот источен сосед дека македонските граѓани имаат и други алтернативи“.

Албанија Иницијатива Македонија отворен балкан регион соработка Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.