НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп давал инструкции министерот за правда да објави „изборите се корумпирани“

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази на Конгресот дека поранешниот претседател Доналд Трамп влијаел првите лица во Министерството за правда да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани, јави Вашингтон пост.

-Само кажи дека изборите се корумпирани, плус остави сè друго на мене, му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен. Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда.

Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се обидувал да влијае на резултатот од изборите и да ја оспори победата на противкандидатот Џо Бајден, коментира весникот.

Во еден разговор на 27 декември, како што стои во белешката Роузен му рекол на Трамп „не можам + нема да плеснам со прстите + да го променам резултатот од изборите“.

Претседателот одговорил дека разбира но дека сака министерството „само да каже изборите се корумпирани + остави сè друго на мене и републиканските конгресмени, пишува во забелешката замена од Донохју.

Демократите веднаш реагираа на овој најнов доказ за дејствата на Трамп да успее во напорите за поништување на изборите.

-Ова покажува дека претседателот Трамп директно давал инструкции на првите луѓе од нашето Министерство правда во последните денови од неговото претседателство да преземат чекори да се поништат едни слободни и фер избори, изјави Каролин Малоуни, претседателка на Комитетот за надзор и реформа на Претставничкиот дом.

Републиканците сè уште не го коментирале објавувањето на забелешките.

По немилите настани со упадот на насилна толпа во Капитолот на САД на 6 јануари, инспирирана од повиците на Трамп дека изборите наводно биле фалсификувани, тој потоа беше отповикан од Претставничкиот дом, раководен од демократите.

избори Роузен САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.