Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По речиси четири месеци: Грција со над 4.000 нови случаи на ковид-19

0
By Sashko on August 10, 2021 РЕГИОН
Фото: greekcitytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 10, 2021 17:53

Зголемен е бројот како на нови случаи на ковид-19, на пациенти кои се приклучени на апарати, така и на направени тестови во Грција, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

По речиси четири месеци, регистрирани се над 4.000 новозаразени, односно вкупно 4.181 случај, починаа 19 лица, а 219 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Доколку се анализираат податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција за новите случаи на дневно ниво, од почетокот на пандемијата во земјата, само три пати биле регистрирани над 4.000 новозаразени и тоа за време на вториот бран и додека земјата беше во целосен карантин.

Рекорден број на нови случаи, вкупно 4.340, имаше на 30 март, една седмица подоцна беа регистрирани 4.309 случаи, а на 13 април годинава, последен пат беа соопштени над 4.000 новозаразени.

Секако, според денешните податоци, голем е бројот и на направени тестови, вкупно 102.275, од кои 84.397 се рапид, а останатите ПЦР.

Од новите случаи, 1.238 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 710 се на островот Крит, а 337 во Солун.

Поради зголемениот број новозаразени во градот Ираклио на Крит, од утре се воведува полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а мерките ќе бидат во сила до следниот вторник.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 521.399 случаи на ковид-19, а починаа 13.118 лица.

Грција Ковид-19 регион случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.