Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатка за германска канцеларка: Ако разговараме со талибанците, не значи дека го признаваме режимот

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
Фото: zdf.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 16:13

Кандидатката за канцеларка од германската партија на Зелените, Ана Лена Баербок повикаа на разговори со милитантните исламистички талибанци во Авганистан.

Единствен начин за навистина да се донесат луѓето кои се под закана на смрт на безбедно е да се разговара со талибанците. Но, она што не можеме да го признаеме е режимот, истакна денеска Баербок за телевизијата WDR, додавајќи дека талибанците не се „легитимна влада, туку исламистичка терористичка организација“ .

Таа нагласи дека сега фокусот треба да биде на спасување на животи.

Тоа се жените кои сега се кријат некаде во Кабул, тоа се готвачите, преведувачите и нивните семејства, децата со нив. Затоа треба да сториме сe што можеме сега за да ги спасиме тие животи, рече Баербок.

Шефот на парламентарната група на социјалдемократите (СПД) во Бундестагот, Ролф Мацених, изјави дека веќе се водат разговори меѓу владата и талибанците.

Не само што се обидуваме да гарантираме безбедно заминување на странците, туку се обидуваме да направиме нешто и за локалните сили. Германската Влада преговара со талибанците преку својот амбасадор во Авганистан, Маркус Поцел. Други западни земји постапуваат на сличен начин, додаде тој.

Мацених истакна дека преговарањето со талибанците не значи признавање на нивната власт во Авганистан и нагласи дека очекува во одреден момент да се формира преодна влада.

Авганистан Германија евакуација разговори Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

ВЕСТИ August 15, 2026

Големиот пожар што синоќа во текот на вечерта избувна во Локва Рогозница, во текот на…

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.