НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КАМЧЕВ НА СУДЕЊЕТО „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“: Јас и мојата мајка во оваа постапка ќе останеме чисти

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mkd.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден од шесттемина обвинети лица за случајот „Плацеви на Водно“ денеска во скопскиот Кривичен суд не признаа вина. Обвинителството Груевски го обвини за две кривични дела – перење пари и за противправно стекнување и прикривање имот. Камчев, неговата мајка и уште две лица се обвинети за перење пари, додека Мијалков за помагање при перење пари. 

Бизнисменот Јорадан Камчев, кој е обвинет за случајот „Плацеви на Водно“ тврди дека не е виновен. Тој во скопскиот Кривичен суд денеска рече дека знае зошто го гони обвинителката Лиле Стефанова.

–  Самиот факт дека е направен груб фалсификат од страна на обвинителот и манипулација кон судиите што го оценувале обвинителниот акт е уште еден доказ дека војната што обвинителството т.е. дотичната обвинителка ја води против мене заради предметот „Рекет“ добро познат на јавноста, но сега со уште пожестоко темпо со обвинение на една страница и две реченици за кое шест месеци сум во притвор“, рече Камчев во судот.

Тој тврди дека обвинителството нема докази оти тој, неговата мајка и фирмата „Орка Холдинг“, наводно помоглане во перење пари.

– Ќе докажам дека јас, Јордан Камчев и мојата мајка Ратка Куноска Камчева на 77 години возраст, досега нема сторено ниту едно кривично дело, во оваа постапка ќе останеме чисти заради тоа што не сме го сторило ова измислено кривично дело познато само зашто се поднесува само од страна на обвинителството, рече бизнисменот Камчев.

И поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој е обвинет за случајот, не се чувствува виновен. Обвинетиот експремиер Никола Груевски не се изјасни по прашањето за вина, бидејќи тој е во бегство во Унгарија, а на него ќе му се суди во отсуство.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека ова е монтиран судски процес.

– Укажавме на тоа дека е монтиран судски предмет, затоа што не постои ниту еден, апсолутно, ниту еден материјален доказ кој го оправдува обвинителниот акт кој е покренат. Ако немате кривично дело од кое се создадени парите со криивчното дело, па да овозможите перење пари, односно да помогнете, а такво кривично дело нема, тоа постојано беше укажувано од моите колеги, не може да опстои ни ваков обвинителен акт, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција тврди дека шестмина обвинети му помогнале на Груевски со 1,3 милиони евра од партиски донации да купи плацеви на Водно. Според обвинението, Груевски ги злоупотребил партиските пари и купил парцела на Водно. Тој ги пуштил парите во оптек, а на Мијалков му помогнал да го купи плацот за да го прикире изворот на парите, но и дека тој е сопственик на парцелата.

Водно Груевски Камчев Мијалков плацеви Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.