НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државјанин на С. Македонија со меѓународна потерницa уапсен во Драч

0
By Sashko on August 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државјанин на С. Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница од македонските власти, бил уапсен од албанската полиција на пристаништето во Драч, при обид да ја напушти албанската територија.

На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Северна Македонија, баран со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.

Се наведува, исто така, дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, ова лице се покажало како меѓународно барано лице, откако Судот против организиран криминал и корупција во С. Македонија го осудило на четири години затвор за кривично дело „илегална организација на имиграција“.

Полицијата информира дека на крајот од истражните дејствија на стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Драч, извршиле привремено апсење на ова лице, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.

Ова е последователен случај во кој албанската полиција апси македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

На 19 јули, на преминот Тушемиште – Свети Наум на албанско – македонската граница, при влез во Албанија ја уапси А.М. (35) жителка на Охрид, барана со меѓународна потерница издадена од норвешките власти, поради „семејно насилство и киднапирање“.

Претходно на 11 јули, на граничниот премин Ќафасан кај Струга, при обид за влез на албанска територија, беше уапсен Ф.В. (39), жител на село Велешта, против кого шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици“.

Три дена подоцна на преминот „Морина“, пак, на албанско-косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсија Џ.Ф. (38), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, распишана од белгиските власти.

Албанија апсење Драч Лице Македонија потерница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.