НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците со ултиматум до отпорот во провинцијата Паншир: За четири часа да ја предадете контролата

0
By Sashko on August 22, 2021 СВЕТ
Фото: inews.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Радикалното талибанско движење даде рок од четири часа на единиците на отпорот во авганистанската провинција Паншир да ја пренесат контролата врз талибанците, јави денеска ТВ каналот „Ал Арабија“.

Според телевизијата, радикалите „му дадоа четири часа на Ахмад Масуд (водачот на отпорот против талибанците) да ја префрли провинцијата Паншир под контрола на талибанците. Се истакнува дека единици на талибанците се во состојба на целосна подготвеност за да започнат операција за заземање на провинцијата“.

Во исто време, според катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“, талибанците имаат намера да испратат делегација на средба со Масуд во блиска иднина. Членовите на делегацијата на движењето ќе разговараат за „ситуацијата во Паншир и ќе дадат гаранции за исполнување на барањата на Масуд“.

Извор во северната провинција Паншир вчера за агенцијата ТАСС изјави дека започнале разговори меѓу Масуд и талибанците. Според изворот, се работи на создавање инклузивна влада и надминување на политичките поделби. Сè уште нема податоци за резултатите од преговорите.

На 18 август, извор на ТАСС во провинцијата Паншир соопшти дека во регионот се формираат групи за отпор против талибанците кои ја презедоа власта во Авганистан. Вкупниот број на формации може да достигне неколку илјади луѓе.

Претходно, проиранскиот телевизиски канал „Ал-Алам“, кој емитува од Бејрут, објави дека вооружените сили лојални на поранешниот потпретседател на Републиката, Амрула Салех, веќе го окупирале регионот Чарикар во провинцијата Парван, од каде ги потиснале талибанците. Лидерот на Националното исламско движење, маршал Абдул-Рашид Достум, испратил 10.000 војници во клисурата Паншир.

Покрај тоа, Ахмад Масуд, син на некогаш влијателниот водач на таџикистанската заедница во Авганистан, Ахмад Шах Масуд (1953-2001), во писмо објавено на 16 август во француско списание најави организирање отпор против талибанците, чиј центар ќе биде Паншир.

Авганистан отпор Провинција Паншир Свет Талибанци ултиматум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.