Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски напад со дрон врз ИД во Кабул: Загинаа девет членови на едно семејство, меѓу кои шест деца

0
By Sashko on August 30, 2021 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 09:32

Девет членови на едно семејство, меѓу кои и шест деца, загинаа во синоќешниот напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИД-К во станбена област во Кабул.

Американската војска призна дека експлозијата „веројатно предизвикала дополнителни жртви”. Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените за локален новинар кој работи за „Си-Ен-Ен“.

Претходно, авганистански службеник изјави дека во вчерашниот напад загинале три деца. Роднина на убиените рече дека се работи за обично семејство, а не за членови на ИД.

Централната команда на САД соопшти дека САД „ги забележале извештаите за цивилни жртви“ и „ја проценуваат можноста цивили да биле убиени во воздушниот напад“. Американската војска  соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави агенцијата ДПА.

Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти синоќа армијата на САД. Со оглед на тоа што имало „значајни секундарни експлозии“ по нападот, се претпоставува дека сигурно имало голема количина експлозив во возилото.

Терористичката Исламска држава на Хорасан (ИД-К), односно огранокот на ИД во Авганистан ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул во четвртокот, во кој загинаа неколку десетици луѓе, вклучително и 13 американски војници.

Авганистан напад САД Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.