Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стигна првата група бегалци од Авганистан – пет жени се бремени, а едната е пред пораѓање

0
By НОВА ТВ on August 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 31, 2021 01:13

Првата група бегалци од Авганистан пристигна во Скопје. Во авионот на „Kam Air“ беа вкупно 149 граѓани на Авганистан кои преку Грузија слетаа во Македонија. Носеа торби, ранци, куфери, а некои од нив ги држеа своите деца во раце. Пет жени се бремени, а една од нив може да се породи во секој момент.

Дете, жена и маж се првите граѓани на Авганистан кои стапнаа на македонско тло. Тие беа приоритетни патници, бидејќи жената е во 39-тата недела од бременоста и со возило на брзата помош беше однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје. Таа во Скопје пристигна со нејзиниот син и брат.

– Може во секој момент да се породи. Во моментот немаме знаци на породување при извршениот преглед од страна на докторката… Има уште четири трудници колку што сум јас информирана во моментов, изјави началничка на Итната медицинска помош, Милица Бубало.

Граѓаните на Авганистан, преку Грузија пристигнаа во земјава. Тие имаа солзи радосници и полни раце торби, куфери, носеа ранци, а некои во рацете ги држеа своите деца. Нивниот прв контакт беше со Црвениот крст, а веднаш потоа беа префрлени во автобуси и се упатија кон хотелите во близина на Скопје, каде ќе им се вршат здравствените проверки. Ќе им се направи ПЦР тест, а во случај некој да е позитивен ќе биде 14 дена во изолација. Здравствените власти ќе им понудат и вакцини на граѓаните кои ќе изразат желба за имунизација.

Авганистанците што пристигнаа во Скопје работат или соработуваат со меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што земјава е членка. Нив ги пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници од премиерскиот Кабинет.

– Солидарноста којашто ја најавуваме неколку денена денеска веќе ја демонстираме на дело. И денеска овозможуваме топло добредојде на оние на коишто им е најпотребно, изјави министерот Османи.

Авганистанците во земјава се со статус на привремен престој од 90 дена. По три месеца тие ќе треба да заминат во друга земја или во САД. Нивните конечни дестинации ќе се знаат наредните денови, најави министерот Османи. Засега нема најава за нова група бегалци од Авганистан.

– Ние дадовме согласност досега за 750 граѓани… Во постојана координација сме со партнерските земји. Ја следиме состојбата на самиот аеродром и како ќе се појават услови за да излезе следната група којашто е најавена и потврдена, тогаш ние се разбира дека ќе бидеме спремни на ист ваков начин достоинствено да го пречекаме, рече Османи.

Не се знае дали во земјава ќе пристигнат сите 750 граѓани на Авганистан, чии список е испратен во Владата. Причина за ова се состојбите во Кабул. Инаку, 31 август е последниот ден за евакуација на граѓаните на Авганистан и денот кога се повлекува американската војска. Од утре раководството на аеродромот во Кабул го преземаат Талибанците.

(Видео): Вечерва во Скопје пристигна првата група бегалци од Авганистан

Авганистан бремена жена Гинекологија Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.