НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред промоција во Кабул: Коосновачот на талибанското движење, мула Барадар на чело на авганистанската влада

0
By Sashko on September 3, 2021 СВЕТ
Фото: sabah.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коосновачот на талибанското движење, мула Абдул Гани Барадар ќе ја предводи новата авганистанска влада, изјавија денеска извори од исламистичката група, додавајќи дека информацијата ќе биде наскоро објавена, пренесува агенцијата Хина.

На Барадар, кој раководи со политичката канцеларија на талибанците, на високите владини позиции ќе му се придружат мула Мохамад Јакуб, син на починатиот талибански основач, мула Омар-и-шер-Мохамад Абас Станекзаи, посочија три извори.

Сите највисоки челници пристигнаа во Кабул, каде во завршна фаза се подготовките за објавување на новата влада, изјави талибански функционер за „Ројтерс“, под услов да остане анонимен, пренесува Хина.

Барадар на 17 август се врати во Авганистан од Катар, каде со месеци ги водеше преговорите со САД, а потоа и мировните преговори за Авганистан. Тој беше уапсен во 2010 година и ослободен од пакистанскиот затвор пред помалку од три години на барање на САД.

Барадар е роден во провинцијата Урузган во 1968 година и растел во Кандахар. Тој се придружи на борбата на муџахедините против Советите во 80-тите години од минатиот век и оттогаш напредуваше кај талибанците. „Гардијан“ пренесува дека неговиот прекар бил „касап“, поради бруталноста.

Авганистан Влада мула Абдул Гани Барадар премиер Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.