НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнз: Македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее, треба да се подобри деловната клима

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните се снаоѓаат, но мора да изградиме нови основи на кои ќе базира идната економија, заклучи амбасадорката, која беше една од говорниците на првиот панел. 

Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Брнз, која учествуваше на првиот панел од конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“, истакна дека ова не се однесувае само на нашата земја, туку и на регионот.

Според амбасадорката, и во услови на пандемија македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Многу компании ги проширија своите капацитети и одлучија, рече, да инвестираат тука.

– Автомото компании со над 10.000 работни места ги зголемија инвестициите во оваа земја, се прочируиваат и производните капацитети во фабриките, се додаваат над 1.000 вработени. До 2020-ра и трговијата се проширува. КОВИД-от спречи лична размена, но технолошките компании што работат тука најдоа начин како да продолжат да работат, безбедно. Имаше и компании за доставување кои ги проширија своите листи на партнери, многу ресторани продолжија да функционираат, а прв пат во земјата се отворија и капацитети на фирми за онлајн услуги, нагласи Брнз.

Таа ја пофали Владата, посочувајќи дека брзо имплементирала мерки со кои се заштитија работните места.

– Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на пандемијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произведуваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе породлжи со поддршката зашпто вашиот успех ни е важен, напомена американската амбасадорка.

Северна Македонија, додаде, напорно работи и на подобрување на инфраструктурата, на коридорите 8 и 10.

– Тоа ќе биде уште една придобивка не само за земјата, туку и за регионот. Многу технолошки компании успеаја да воспостават тука свои капацитети, а намалувањето на рестрикциите во овој сектор ќе донесат нови работни места и просперитет, рече Брнз.

Се осврна и на младите, со порака дека е важно да се овозможи тие, не само да останат тука, туку и да се вклучат во процесот на економско опоравување.

Во однос на регионалната економија, Брнз оцени дека е неопходно да се воспостават подобри стандарди за граѓаните, клиентите и бизнис партнерите да комуницираат полесно.

– Граѓаните се снаоѓаат, но мора да изградиме нови основи на кои ќе базира идната економија, заклучи амбасадорката која беше една од говорниците на првиот панел. 

 

„Економско заздравување и раст по Ковид” Кејт Мери Брнз конференцијата панел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.