Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Трагедијата во Тетово да не се користи за политичко профитерство

0
By Sashko on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 19:46

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ Канал 5 го осуди барањето и постојаното инсистирање на опозицијата за оставка на министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека е мотивирано единствено од желба за власт и собирање политички поени. Потврди и дека за пуштање на модуларната болница во употреба биле исполнети сите законски предуслови. За такви објекти, истакна, се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола.

Оставките се поднесени од морални причини, а одговорноста кај Владата и Министерството за здравство е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата, да ги слушнеме точните причини – од што настанал пожарот, дали имало слабости и кој е одговорен, за да ја донесам одлуката, рече Заев.

Тој напомена и дека во услови на пандемија, Филипче и неговиот заменик сработиле многу и исклучително сериозно, се соочиле со сите предизвици, а пандемија уште има и ќе има поради што, мора да се внимава многу на одлуките.

Откако Мицкоски во текот на дуелот го обвини за трагедијата, наведувајќи дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ и посочувајќи дека не е потребна само морална, туку и кривична, како и политичка одговорност, Заев возврати дека тоа се лаги искажани исклучиво за политичко профитерство.

Желбата за власт да го прави човек толку политички профитер ви личи само вам. Вие сте и истражител и судија и обвинител, му рече Заев на Мицкоски.

Буквално од ракав „тропате“ работи кои се далеку од секоја можна вистина. Модуларните болници се направени како во сите земји, спроведена е постапката согласно закон, а ние не треба да коментираме делови од истрагата. Се е според закон, испочитувани се сите прописи. Толку да бидете политички ориентиран за пуста желба за власт и за политичко профитерство да ја злоупотребувате оваа трагедија ви личи само вам. Да се злоупотртебува за политички цели оваа страшна трагедија е проѕирно и тоа граѓаните го гледаат. Сите жалиме, но прашањето е како се поставувате како одговорен човек. Одговорноста кај мене е поголема зашто сум премиер. Поставивме модуларни контејнери претходно сработени во фабрики и за такви објекти се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола. Објектите се поставени за да не ни се случи италијанското сценарио, како што е и секаде во светот. Злоупотребата на оваа трагедија за политички цели народот ја препознава, истакна Заев, обраќајки му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За трагедијата, подвлече, ќе бидат дадени одговори на сите можни прашања. – Банално е дали некој може да го замени Заев во СДСМ, за тоа реков дека е банално зашто никој не е незаменлив па ни Заев, објасни Заев.

Ова трет дуел на лидерите на двете најголеми партии, Заев и Мицкоски.

Зоран Заев Македонија модуларна болница пожар ТВ дуел Тетово Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.