Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ: И две минимални плати се малку за покривање на основните животни трошоци

0
By Sashko on September 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 25, 2021 09:02

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу 8.000 денари.

Од ССМ велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за покривање на синдикалната минимална кошница. Нивните анализи покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз се потребни минимум 2.529 денари.

Посебен товар за граѓаните претставува и почетокот на учебната година. Минимално за ова, според ССМ, би се потрошиле 8.000 денари само за еден ученик.

Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика (ДЗС). Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.

Ако со ваков интензитет продолжат да се зголемуваат трошоците за живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

ССМ извесен период бара минималната плата да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата, а при последното усогласување во март годинава побара да не се земе предвид падот на Бруто домашниот производ како еден од трите параметри за усогласувањето, но нивниот предлог не беше прифатен.

Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот со која како работници, без да се грижиме за нашата егзистенција, ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, посочуваат од ССМ.

Од ресорното Министерство за труд и социјална политика (МТСП), пак, укажуваат дека во изминатиот период се бележи пораст на платите во државата. Повикувајќи се на официјалните статистички податоци за јули оваа година, посочуваат дека нето платата е зголемена за 1.309 денари во однос на јули минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето плата за јули 2021 година, која е објавена во септември 2021 година, изнесува 28.540 денари и повисока е за 1.309 денари во однос на истиот месец од претходната година или 4,8 проценти. Нашите очекувања се и понатаму да има пораст на платите во земјата со што ќе се влијае и на состојбата на животниот стандард на граѓаните, велат од МТСП.

Во однос на предлогот на ССМ да не се зема предвид негативниот пораст на БДП при усогласувањето на минималната плата, од МТСП појаснуваат дека во законот се утврдени критериуми за корекција и оти какво и да било менување на овие критериуми, мора да биде разгледано во рамки на социјалниот дијалог.

Минималната плата се утврдува со Законот за минимална плата и истата се објавува секоја година во март, а се применува од април. Во Законот се утврдени критериуми за корекција на минималната плата. И сегашното законско решение за утврдување, односно критериумите за корекција на истата се утврдени со социјалните партнери. Поради ова сметаме дека какво било менување на критериумите кои ќе имаат влијание на минималната плата треба да биде предмет на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, наведува МТСП.

Минималната плата во земјава изнесува 15.194 денари во нето износ. Ново усогласување се очекува во март следната година. При усогласувањето се земаат во предвид три параметри – една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП. 

анализа Животни трошоци Македонија минимална плата Население ССМ Стандард
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.