Судот во БиХ донесе решение со кое се одбива барањето за испорачување на Зоран Мамиќ во Хрватска.
Хрватска побара екстрадиција на Мамиќ по три основи – за повторување на судската постапка по одлуката на Врховниот суд кој ги укина пресудите на Жупанискиот суд во Осиек и нареди повторување на процесот. Натаму, испораката се бара и за издржување на затворска казна во траење од четири години и осум месеци што Мамиќ ја доби поради истрагата за подмитување на тројца судии во Осиек.
Како што пишува „Дневни аваз“, адвокатите на рочиштето истакнале дека не постојат претпоставки во ниту една од трите основи за испорачување, што на крајот и беше уважено од Советот.
Хрватска поднесе барање за екстрадиција на Мамиќ на 6 јули, како и за неговиот брат Здравко за кој Судот сè уште нема донесено одлука за испорачување.