Повеќе од 400 продавници на „Лидл“ во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, соопшти денеска германскиот трговски синџир. „Лидл“ е прв трговски синџир кој ги повлекува тутунските производи од понудата, со цел да се „создадат генерации на непушачи“.
Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за здравство Пол Блокхус.
Од 2024 година, тутунските производи ќе се продаваат само на бензиски пумпи, специјализирани продавници, трафики и трговски објекти кои поседуваат посебна дозвола.
Додека од 2023 година, исто така, ќе биде забранета продажбата на цигари и тутун преку интернет.