НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е причината за „падот“ на „Фејсбук“?

0
By НОВА ТВ on October 4, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со часови не функционираат социјалните мрежи на „Фејсбук“, „Месинџер“, „Инстаграм“ и „ВатсАп“. Сопственикот на овие платформи, „Фејсбук“, преку социјалната мрежа „Твитер“ призна дека корисниците на социјалните мрежи имаат проблем до нивни пристап, но не ги кажа причините за тоа.

– Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите, објави „Фејсбук“ на социјалната мрежа „Твитер“.

Светските новински агенции ги анализираат причините на најдолгиот прекин во достапноста на услугите на овие социјални мрежи. Причината ја гледаат во евентуална саботажа или пак системска грешка.

– Експертите за безбедност што ја следат ситуацијата велат дека прекинот може да биде предизвикан од грешка во конфигурацијата, што може да биде резултат на внатрешна грешка, иако теоретски е можна саботажа од инсајдер, пишува „Ројтерс“, каде се наведува дека хакирањето е помалку веројатно, бидејќи масивен хакерски напад кој ќе успее да ја совлада оваа социјална платформа бара моќна технологија.

Иако „Фејсбук“ дневно има речиси две милијарди активни корисници, на попладневното тргување акциите на компанијата „Фесбук“ се намалија за повеќе од 5%. Ова е најлош ден за компанијата изминатата година.

Претходно, поранешна вработена во „Фејсбук“, Францес Хауген, на ТВ емисија кажа дека таа е „свиркачот“ кој испраќаше доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приортет на профилот пред безбедноста на социјалните мрежи. Таа го обвини „Фејсбук“ дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести само ако за тоа имало притисок од јавноста, а веднаш потоа, се враќал стариот слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.


Социјалните платформи на „Фејсбук“ прекинаа да функционираат околу 17 часот.

Ватсап (WhatsApp) Инстаграм Пад социјални мрежи Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.