НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Универзитет „Џонс Хопкинс“: САД оваа година со повеќе смртни случаи на ковид-19 од лани

0
By Sashko on October 7, 2021 СВЕТ
Фото: hub.jhu.edu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ковид-19 за девет месеци во оваа година во САД „однесе“ повеќе човечки животи одошто беше случај во цела 2020 година. Од 1 јануари се пријавени над 353.000 смртни случаи од ковид-19 или околу 1.000 повеќе од ланските 352.000 за првите 10 месеци од пандемијата, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според медицински експерти, постојат клучни разлики меѓу двете години што би можеле да ја објаснат разликата.

Професорката на Меѓународниот универзитет во Флорида и претседателка на Одделот за епидемиологија, докторка Мери Џо Трепка за „Њујорк Дејли Њуз“ изјави дека многу позаразната Делта варијанта го зголемила бројот на случаи, правејќи ги кумулативните збирови многу повисоки. Тоа е надополнето со недостиг на имунитет на стадо поради ниското ниво на вакцинација.

Многу луѓе беа изложени во услови на немање имунитет на стадо и присуство на делта варијантата која е многу позаразна, рече Трепка за „Дејли Њуз“.

Покрај тоа, додаде таа, масовна вакцинација немаше до пролетта, а најголемиот пораст во оваа година беше во јануари, по празниците. Исто така, за разлика од 2020 година, оваа година немаше строго заклучување.

„Коронавирусот не знае која година е, истакна доктор Дејвид Доуди, вонреден професор по епидемиологија на Блумберг школата за јавно здравје на „Џонс Хопкинс“. „И смртта во голема мера дојде во бранови“.

Ковид-19 САД Свет смртни случаи Универзитет „Џон Хопкинс“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.