НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците со повик до меѓународната заедница: Ајде да соработуваме

0
By Sashko on October 12, 2021 СВЕТ
Фото: geo.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Талибанските власти во Авганистан ја повикаа меѓународната заедница за соработка и добри односи. Тие избегнаа цврсто да се определат за овозможување образование на девојчињата и покрај барањата од светот.

Речиси два месеца откако поранешната влада поддржана од Западот ја напушти земјата, а бунтовничките сили влегоа во Кабул, новите талибански власти се обидуваат да ги подобрат односите со другите земји за да помогнат да се спречи катастрофална економска криза.

Наместо притисок, меѓународната заедница треба да започне да соработува со нас. Со тоа ќе се запре несигурноста, а истовремено, позитивно би се ангажирале во светот, порача вршителот на должноста министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки на настан организиран од Центарот за конфликти и хуманитарни студии во Доха.

Талибанците досега одбиваа да дозволат на девојчињата да се вратат во средно училиште, што е едно од клучните барања на меѓународната заедница, откако власта во Кабул во минатиот месец одлучи да ги отвори училиштата над шестото одделение, но само за момчиња.

Мутаки истакна дека талибанското раководство внимателно ги мери своите потези, но дека е на власт само неколку недели и дека не може да се очекува да ги заврши реформите кои меѓународната заедница не успеа да ги спроведе за 20 години.

Талибанскиот министер ги повтори повиците до Вашингтон да ги одмрзне резервите на авганистанската централна банка во вредност од над девет милијарди долари што се чуваат надвор од земјата, но, исто така, рече дека власта има приходи од даноци, царински тарифи и земјоделство, доколку тие средства останат замрзнати.

Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да најде начини да испрати пари за авганистанската економија за да се спречи целосен колапс.

Авганистан Меѓународна заедница повик Свет соработка Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.