Хрватското државно обвинителство нареди истрага против полицајци поради сомневање за сторено кривично дело „нечовечко и сурово постапување“ за кое се под закана за казна затвор и до 10 години, објави денеска загрепски „Јутарњи лист“.
Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага, откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ, рече окружниот државен обвинител Вера Магдиќ-Бижановиќ.
Се наведува дека станува збор за кривично дело „малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“ за што е предвидена затворска казна до 10 години.
Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепаат мигранти, поради што тие се суспендирани и против нив е поведена дисциплинска постапка.