Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Норвешка полиција: Убиецот од Конгсберг преминал во ислам и се радикализирал

0
By Sashko on October 14, 2021 СВЕТ
Фото: euronews.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 14, 2021 12:48

Триесетиседумгодишниот Данец, кој е осомничен за нападот со лак и стрела во Конгсберг, преминал во ислам, а полицијата пред синоќешните убиства беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, изјави денеска шефот на норвешката полиција Оле Бредруп Саверуд, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Данецот (37) беше уапсен синоќа за нападот во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди. Откако полицијата добила пријава за нападот, го привела осомничениот за точно 34 минути. Очевидци велат дека побеснетиот човек убил пет лица, додека другите панично трчале по улиците, обидувајќи се да избегаат од заканата.

Тој во моментот е во притвор, а полицијата претходно соопшти дека е во тек истрага за да се утврди дали нападот може да го третира како терористички акт.

Жена, која во моментот на нападот била на улица во Конгсберг, за локалната телевизија изјави дека маж одеднаш се појавил на аголот од улицата со лак и стрела во рацете.

Слушнав метеж и видов жена како се крие на аголот, потоа се појави маж и застана на аголот на улицата со лак и стрели во некаква торбичка. Потоа видов како луѓето трчаат по улицата, исплашени за сопствениот живот. Една од нив беше жена со мало дете во рацете, рече локален жител кој сакаше да остане анонимен.

Нападот се случи во последниот ден од мандатот на конзервативната влада на чело со Ерна Солберг. Премиерката во заминување рече дека информациите што ги добила за инцидентот се „страшни“.

„Разбирам дека многу луѓе се плашат, но важно е да се нагласи дека полицијата сега ја контролира ситуацијата“, рече таа на прес -конференција, неколку часа пред официјално да ја напушти функцијата премиер на Норвешка.

Конгсберг напад Норвешка осомничен полиција Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.