НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Невреме во Москва: Оштетен дел од ѕидот на Кремљ, затворени сите приоди кон Црвениот плоштад

0
By Sashko on October 22, 2021 СВЕТ
Фото: remonews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во силно невреме што денеска ја зафати Москва, пропратено со дожд и град, се урна дел од ѕидот на Кремљ. Како што пренесуваат локалните медиуми, силниот ветар уриваше дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.

Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја. Од ураганскиот налет не издржаа ниту скелињата поставени на ѕидовите на Кремљ. Ветрот ги урна скелињата на Црвениот плоштад, при што се оштетени дел од ѕидовите.
Во тек се работите на реставрација на делот од ѕидот од кулата Спаска, кои беа прекинати поради силниот ветер, изјави началникот на секторот на Федералната служба за безбедност, Денис Симонов, истакнувајќи дека притоа никој не е повреден.
Приодите кон Црвениот плоштад се затворени од сите соседни улици, пренесува агенцијата ТАСС. Властите соопштија дека плоштадот беше затворен поради уривањето.
Ова не е првпат ветер да го оштети московски Кремљ. Во јуни во 1998 година паднаа околу 200 дрвја и оштетени неколку ѕидни огради, а во април во 2018 година делумно беше оштетен и покривот од палатата на Сенатот.
Реновирањето на ѕидот на Кремљ, кој се состои од 20 кули, а бил изграден од италијански архитекти на крајот на 15 век, трае веќе неколку години.
ѕид Кремљ Москва невреме Русија Свет штета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.