Пандемијата на ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот се достапни, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој повторно апелира за поправедна дистрибуција на вакцината.
Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да ѝ стави крај. Таа е во наши раце, сите потребни алатки нѝ се достапни, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.
Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.
Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година.