Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите и кандидатите за градоначалниците бројат „ситно“: Уште три дена во трка по гласови за вториот круг на локалните избори

0
By Sashko on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: most.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 27, 2021 08:16

На три дена до крај на кампањата за вториот круг од локалните избори, се засилуваат активностите и средбите со граѓани на кандидатите и партиите, но не изостануваат и меѓусебните обвинувања на опонентите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа од Куманово повторно повика на обединување, како што рече, кумановци обединети да го сочуваат социјалдемократскиот дух, прогресивноста и напредокот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, на митингот од скопската населба Лисиче, порача дека победата е на дофат и оти недостасува само уште еден голем исчекор на 31 октомври.

Претседателот на СДСМ, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не го скршил ниту бастионот, ниту прогресивноста на Куманово во изминатите 30 години и нагласи дека Куманово тоа нема да го дозволи. Заев рече дека Владата како никогаш претходно вложувала во Куманово, 120 милиони евра во патишта, реконструкција на спортски објекти, индустриска зона, водовод, канализација, вратени се долгови на општината.
Куманово е важен фактор во државата, никогаш порано тоа го немало, рече Заев.
Тој го обвини Димитриевски за договори за вработувања на членови на ВМРО-ДПМНЕ во градинки, во училишта, во администрација. Заев ги повика кумановци да бидат обединети за да го сочуваат социјалдемократскиот дух на Куманово, сплотеноста, концептот – Едно општество за сите, да чекорат напред.
Осврнувајќи се на опозицијата, Заев рече дека има голема разлика меѓу нив и противниците и порача дека со СДСМ граѓаните знаат на што се, нема измачувања на фирми, зголемена е социјалната помош, растат платите кај сите минималната пораснала од 9.000 на 15.200 денари, а до крајот на годината на 18.000 денари.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Мицкоски, истакна дека денот, кога гласот на народот е најсилен и луѓето со својата волја зад параванот имаат моќ да ги менуваат работите и, како што рече, ништо не е невозможно, победата е на дофат а излезноста е клучот. Оваа власт, нагласи Мицкоски ја чека пораз и ги повика граѓаните да покажат дека промените се можни.

Не заборавајте дека зад параванот сте сами, вие и вашето неприкосновено право на глас. Излезете и гласајте за новата иднина, која ќе донесе подобри времиња за сите нас заедно, изјави Мицкоски.

Во очите на народот, нагласи Мицкоски, гледа крик дека е доста од поделби, тешки времиња, криминали кои што не се казнуваат, од арогантни политичари и од тоа да не се вреднуваат желбите и потребите на луѓето.

Тоа е гласот на тивкото мнозинство, кое има став за работите. Кое излегува да гласа за промени, на кое му е преку глава од она што денеска го имаме во реалноста, изјави Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта на предизборен собир со жителите на населбата Дутлок ја претстави програмата во која се предвидени неколку покрупни зафати. Бејта најави дека за еден мандат ќе биде изграден нов, четврт мост на реката Вардар, реконструкција и современо уредување на големиот парк и нов терен за мали спортови.

Тој својата кандидатура пред граѓаните ја образложи со зборовите дека го сака Гостивар и дека знае што му треба на градот и како тоа да се направи.

Двајцата противкандидати за Скопје, Петре Шилегов и Данела Арсовска со ветувања за подобар живот за Скопјани, но и со меѓусебни обвинувања.

Сите проекти што ги нудиме во програмата се прецизно пресметани и се во рамки на буџетските можности што ги има Град Скопје, изјави синоќа актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов.

Во целиов концепт, истакна Шилегов битни се скопјани. – Начинот на кој функционираше Градот изминативе четири години е да ги ставиме луѓето пред политиката. Идејата е скопјани да ги прашуваме за секое битно прашање. Јас сум човек кој е спремен да се развласти себе си и Советот и да ги прашаме граѓаните, рече тој.

Арсовска, пак, им порача на скопјани дека времето на ветувања без реализација е завршено и дека, како што рече, време е вистински луѓе кои се грижат за својот град, да добијат шанса, да покажат дека Скопје може да биде убаво место за живеење како што заслужува секој еден граѓанин.

Доаѓа големата победа, скопјани ќе изберат човек кој ќе ги застапува сите за поубав живот, за модерно европско Скопје во кое сите ќе бидеме среќни и горди, изјави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на синоќешниот собир во Лисиче.

В недела на локалните избори повторување на гласањето од првиот круг ќе има на две избирачки места – на 0543 во Дебар за градоначалник и на 2957/1 во Шуто Оризари за членови на советот. Управниот суд го поништи гласањето во овие две избирачки места откако тужби до него за одлуките на ДИК по приговорите поднесоа Алијанса на Албанците и Алтернатива и Движењето „Одлучно за Македонија“ предводено од ДОМ и ЛДП.

За градоначалник на Дебар „се натпреваруваат“ Хекуран Дука од ДУИ, Беким Поцеста од АА и Алтернатива и Петрит Клења од ДПА. Поцеста освои 3.998 гласови, Дука 3713, додека Клења 37 гласови.

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини, а гласање нема да има во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во согласност со Законот за локална самоуправа ќе се организира повторување на гласањето.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев локални избори 2021 Македонија СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.