Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на десет стопански комори од Западен Балкан и од Вишеградската група во Будумпешта

0
By Sashko on November 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 5, 2021 16:54

Продлабочување на економските врски и соработката на регионална основа се перципираат како можност за забрзување на економскиот раст и како заемна корист за земјите од Западен Балкан и на вишеградската четворка. Тоа е истакнато на работната средба што се одржа деновиве во Будимпешта на претседатели и на високи претставници на десет стопански комори – шест од земјите на Западен Балкан (С. Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија) и четирите од т.н. Вишеградска група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска).

Ова е прва средба од ваков вид и дел е од активностите на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, а од државава учествуваше Стопанската комора на Северна Македонија, како единствена комора, членка на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Средбата е одраз на интересот и на желбата на сите вклучени страни за зголемување на соработката меѓу компаниите од десетте земји. Во тој контекст, беа разменети мислења за економските случувања во секоја од земјите, како и за улогата на стопанските комори во олеснувањето на бизнис-соработката во иднина. Средбата доаѓа во важен момент, кога европскиот интегративен процес на земјите од Западен Балкан доживува одредено забавување. Во тој контекст, продлабочувањето на економските врски и соработката на регионална основа се перципираат како можност за забрзување на економскиот раст и како заемна корист на земјите од Западен Балкан и на вишеградската четворка. Постои значителен неискористен потенцијал за поголемо економско поврзување, па во наредниот период низ разновидни форми ќе се бараат најефикасните механизми за искористување на тој потенцијал, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Коморите од Вишеградската група и од Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја потврдија заедничката желба да придонесат за понатамошниот развој на регионалната економска соработка меѓу десетте земји, да соработуваат и придонесуваат за подобрување на деловната и инвестициската клима и за развојот на приватниот сектор во земјите, како и да имаат поактивен придонес за економско рестартирање на регионот по пандемијата со ковид-19 за справување со економските предизвици и последиците од кризата. Коморите ја нагласија важноста на одржливиот економски раст, дигиталната и зелената трансформација на индустријата и енергетската сигурност.

Будимпешта Вишеградска група Западен Балкан регион Состанок Стопански комори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.