Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците со одговор: Зошто некои луѓе не „закачуваат“ ковид-19, иако сите околу нив се позитивни

0
By Sashko on November 11, 2021 СВЕТ
Фото: vaccination-info.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 14:03

Веројатно сте имале искуство да познавате личност која упорно одолева на коронавирусот и покрај тоа што сите околу неа се позитивни. Научниците, конечно, имаат одговор зошто е тоа така.

Тие сметаат дека постојат луѓе кои се заразуваат со вирусот, но Т-ќелиите на имунолошкиот состав го чистат во неговата рана фаза. Затоа и ПЦР тестовите и тестовите на антитела кај тие лица секогаш даваат негативен резултат.

Се чини дека 15 отсто од здравствените работници што ги следеше системот за време на првиот бран на пандемијата во Лондон припаѓаат на ова сценарио, пишува „Гардијан“.

Т-ќелии

Ова откритие може да направи пат за новата генерација на вакцини насочени на одговор на Т-ќелиите, што би можело да произведе долгорочен имунитет, велат научниците.

Секој има свои приказни за луѓето кои биле изложени на инфекцијата, но не ѝ подлегнаа. Она што не го знаевме е дали тие лица навистина успеале да му избегаат на вирусот или телото им го отстранил вирусот пред да може да се открие со рутински тестови, изјави имунологот Лео Свадлинг од Универзитетот во Лондон.

Најновата студија ги следеше здравствените работници на знаци на инфекција и нивниот имунолошки одговор за време на првиот бран на пандемијата. И покрај високиот ризик од изложеност, 58 учесници никогаш не биле позитивни на ковид-19. Сепак, анализата на нивните примероци од крв покажа дека тие имаат поголем број на Т-клетки кои реагираат на ковид отколку пред пандемијата и во споредба со луѓето кои воопшто не биле изложени на вирусот.

Тие, исто така, имаа зголемување на друга крвна слика на вирусна инфекција. Истражувањата сугерираат дека голем број на луѓе имаат мемориски Т-клетки формирани по претходни инфекции со други сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинки кои, всушност, подоцна ги заштитиле од ковид-19. Овие имунолошки клетки можат да препознаат протеини во ковид-19 кои се вообичаени за сезонските коронавируси и обезбедуваат многу брза заштита.

Вакцини кои обезбедуваат подолготрајна заштита?

Резултатите од истражувањата се особено значајни, бидејќи Т-клетките на имунолошкиот систем имаат тенденција да обезбедуваат подолгорочен имунитет, кој обично трае со години, наспроти неколкумесечната заштита што ја обезбедуваат развиените антитела.

Речиси сите постоечки вакцини против ковид-19 се засноваат на производство на антитела против протеинот со кој SARS-CoV-2 влегува во нашите клетки. Иако овие антитела обезбедуваат одлична заштита од потешките симптоми на болеста, имунитетот слабее со текот на времето.

Дополнително, вакцините базирани на овој протеин може да ја изгубат својата ефикасност со текот на времето, бидејќи е познато дека овој регион на вирусот мутира. Спротивно на тоа, одговорот на Т-клетките е многу постабилен и цели кон внатрешна репликација што е вообичаена помеѓу различни типови на коронавирус, што значи дека вакцината заснована на нивниот одговор веројатно ќе обезбеди подолготрајна заштита и заштита од нови соеви, а можеби дури и комплетни нови причинители на други болести, пишува индекс.хр.

имунитет Истражуивање Ковид-19 Лондон научници Пандемија Свет Т-ќелии Универзитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.