Најниски температури утрово во земјава се измерени во Берово, минус четири степени, во Битола минус два и минус еден степен во Струмица и во Демир Капија.
Како што соопшти УХМР, термометарот покажа нула степени во Скопје кај Петровец, во Тетово, во Штип, во Прилеп, во Крива Паланка, еден степен во Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, итн.
Во текот на ноќта и утрово преовладуваше умерено облачно време, со појава на слаба магла по одделни котлини.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 14 степени.