Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух, велат од ЦУК.
Голем пожар е пријавен денеска попладне над селото Мирковци на патот за селото Бродец, кај местото Рамно во Општина Чучер Сандево.
– Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани, информираат од Центарот за управување со кризи.
Се очекува дејствување од воздух и на армискиот хеликоптер.