Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва на Националната арена во Скопје загуби од Франција со 0:1 во квалификаците за ЕП 2023.
„Триколорите“ до победата стигнаа со голот на Калулу во 75. минута.
По шест кола во групата Х, избраниците на селекторот Драган Канатларовски се на третата позиција со шест бода, додека Французите се лидери со 16.