НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чудо во Јапонија: Научници веруваат дека Делта сојот на ковид-19 се самоуништил

0
By Sashko on November 22, 2021 СВЕТ
Фото: relevantmagazine.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петтиот бран на пандемијата на коронавирус во Јапонија исчезна, речиси, преку ноќ, што оправдано предизвика чудење кај многу научници. Некои од нив мислат дека делта сојот мутирал до ниво на сопствено уништување.

Четвртиот бран во Јапонија кулминира во август со повеќе од 23.000 случаи на ден, а тие бројки од неодамна се околу 170. Значителниот пад многумина го припишуваат на високата стапка на вакцинација и прифаќањето на јавноста дека мора да се носат маски. Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе во Азија го имаат ензимот APOBEC3A, кој ги напаѓа РНК вирусите, вклучително и ковид-19, во споредба со други луѓе во Европа и во Азија.

Тим од генетичари од Националниот институт за генетика и од Универзитетот во Ниигата започнаа да истражуваат како APOBEC3A влијае на протеинот nsp14 кој се наоѓа во коронавирусот и колку може да влијае на неговите активности. Тимот направи анализа на соевите што се насобраа во периодот од јули до октомври годинава, при што се покажаа две работи – голема генетска разновидност на соевите, како и фактот дека мутациите достигнале одредена точка на нивниот развој и застанале таму.

– Бевме шокирани од она што го откривме. Делта сојот на коронавирус во Јапонија е многу заразен, што пак го спречува развојот на други соеви. Но, како што почнаа да се акумулираат мутациите, веруваме дека дошло до грешка во вирусот што повеќе не можеше да прави свои копии. Бидејќи нема зголемување на нови случаи, веруваме дека во еден момент од неговата мутација, вирусот се придвижи кон самоуништување, рече Итуро Инуе, генетичар во Националниот институт за генетика за „Јапан тајмс“.

Иновативна теорија би можела да објасни зошто бројот на новозаразени во Јапонија е толку мал, додека другите земји бележат значителен пораст на нови случаи. Теоријата на Иноу, исто така, може да објасни што се случи со САРС во 2003 година, чиешто ширење престана самостојно.

Познатиот научник истакнува дека во јапонската делта моментно доминираат соеви кои доаѓаат однадвор, но доколку успее да се уништи себеси, тоа би значело дека има простор за други, потенцијално поопасни соеви кои доаѓаат од други земји. Тој ја истакна важноста на карантинот пред да влезе во Јапонија.

Запрашан дали вакво нешто може да се случи и во други земји, тој рече дека „шансите за тоа не се нула, но изгледа премногу оптимистички бидејќи не успеавме да дојдеме до докази кои би го потврдиле тоа“.

делта сој Јапонија Ковид-19 мутации Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.