НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при учеството на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

Како што соопштуваат од МНР, за време на дводневните работни сесии биле разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија.

Исто така, како што се вели во соопштението, тема на состанокот била и состојбата во Западен Балкан и геостратешките интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за Стратешкиот концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

На работните сесии, додаваат од МНР, министрите усвоија повеќе одлуки и документи и истите се значајни за идното делување и зајакнување на Алијансата но и за подготовка на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи меѓу другото потенцираше дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил повеќе средби, како со помошник државениот секретар на САД, Карен Донфрид, министрите за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, на Норвешка, Аникен Ш. Хјитфелт, на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и на Р. Чешка, Јакуб Кулханек.

Бујар Османи Македонија министри надворешни работи НАТО Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.