НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фаучи според првичните наоди: Омикрон е помалку опасен од Делта сојот на коронавирус

0
By Sashko on December 6, 2021 СВЕТ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот Ентони Фаучи денеска изјави дека иако има брзо ширење на Омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот.

Фаучи за „Си-Ен-Ен“ изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот Омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.

Засега, се чини, дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека Омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта сојот, рече Фаучи.

Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји кои не се американски државјани.

Да се ​​надеваме дека ќе успееме да ја укинеме забраната во прилично разумен временски период, рече Фаучи, додавајќи дека сите се чувствуваат лошо поради тешкотиите со кои се соочуваат Јужна Африка и другите африкански земји.

Омикрон до денеска е откриен во третина од американските држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Висконсин и Мисури се меѓу последните држави каде што се потврдени нови инфекции со сојот.

Во САД сè уште е доминантен Делта сојот на коронавирусот, сочинувајќи ги повеќе од 99 отсто од случаите и предизвикувајќи зголемување на хоспитализациите на север од земјата.

Американските власти продолжуваат со апели до луѓето да се вакцинираат и да добијат засилена доза, како и да носат маски во затворени простории, бидејќи сето тоа придонесува за заштита од делта, но и од други соеви на коронавирусот.

Ентони Фаучи Коронавирус Наоди Омикрон САД Свет сој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.