Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Положи заклетва: Карл Нехамер е нов канцелар на Австрија

0
By Sashko on December 6, 2021 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 15:30

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нешамер денеска положи заклетва како нов канцелар пред претседателот Александар ван дер Белен, а неговата инаугурација треба да стави крај на кризата предизвикана по оставката на поранешниот канцелар Себастијан Курц и неговото повлекување од политиката.

Одлуката да го номинира Нехамер за канцелар ја донесе врвот на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), чиј поранешен лидер Курц, соочен со обвиненија за корупција, најпрво поднесе оставка од функцијата канцелар во октомври, а потоа најави оставка од политиката.

По оставката на Курц, должноста шеф на владата во неполни два месеца ја извршуваше шефот на дипломатијата, Александар Шаленберг. По примерот на Себастијан Курц, некои од неговите најблиски соработници поднесоа оставка од владата.

Курц најави оставка од политиката на 2 декември, а само неколку часа подоцна, канцеларот Шаленберг поднесе оставка на чело на владата, велејќи дека истата личност треба да биде канцелар и лидер на најголемата партија во земјата.

Нехамер веќе ја презеде функцијата претседател на ОВП. Тој е четвртиот австриски канцелар кој положи заклетва од 2017 година, како резултат на низа скандали и контроверзии поврзани со владата предводена од Народната партија.

Покрај Нехамер, на функција ќе стапат и четворица нови министри – за надворешни и за внатрешни работи, за финансии и за образование. Александер Шаленберг повторно ќе го преземе Министерството за надворешни работи, а министер за полиција ќе биде Герхард Карнер, близок соработник на Карл Нечамер.

Нехамер (49), кој во младоста бил професионален војник, важи за политичар со многу построги ставови од Курц. Тој е познат по неговите ригорозни ставови за илегалната миграција и честопати ја критикуваше мигрантската политика на Европската Унија како премногу либерална.

Австрија заклетва Канцелар Карл Нехамер Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.