Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ли Кечијанг: Кинеската економија ќе биде сè поотворена

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
Фото: cnbctv18.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 11:25

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на тркалезната маса со лидерите на големите меѓународни институции рече дека кинеската економија е длабоко интегрирана во светската економија и дека ќе биде сè поотворена.

Отворањето е самостоен избор за постигнување развој, а вратата ќе се отвора пошироко и пошироко, рече Ли на шестиот видео дијалог на тркалезната маса во формат „1+6“, пренесува Бета.

Според кинеската медиумска групација (ЦМГ), за време на вчерашниот дијалог, Ли истакнал дека оваа година се навршуваат 20 години од членството на Кина во Светската трговска организација (СТО).

Во изминатите 20 години строго се придржувавме до правилата и искрено ги исполнивме нашите ветувања, што е од корист не само за нашиот сопствен развој, туку и за светот, рече тој.

Ли додаде дека Кина се придржува до рамномерниот развој на извозот и увозот и не се стреми намерно кон трговски суфицит, како и дека обемот на увозот се зголемува од година во година, така што Кина е втор најголем увозен пазар во светот веќе 12 години по ред.

Според него, Кина активно учествува во регионалната економска соработка и го промовира стапувањето во сила на Договорот за регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) на почетокот на следната година.

Ова е најнаселената зона за слободна трговија во светот со најголем економски и трговски обем и најголем потенцијал за развој. Тоа ќе додаде нов поттик за регионалното отворање и економското закрепнување, рече Ли.

Тој нагласи дека земјата ќе продолжи да се шири на високо ниво кон надворешниот свет, за да може светот да ги сподели новите можности за развој на Кина.

економија Кина Ли Кечијанг премиер Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.